24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИнфлацијата го намали профитот на „Samsung“

Инфлацијата го намали профитот на „Samsung“

Прелиминарната оперативна добивка за третиот квартал падна за речиси 32% во однос на претходната година, соопшти „Samsung Electronics Co“.

Компанијата се соочува со макроекономски тешкотии кои ја ослабуваат побарувачката на потрошувачите за електронски уреди, објави „Korea Herald“.

Според пресметките на најголемиот светски производител на чипови и мобилни телефони, неговата оперативна добивка за третиот квартал се очекува да достигне 10,8 трилиони вони (7,7 милијарди долари), што е за 31,7 отсто помалку од 15,82 трилиони вони на годишна основа.

„Samsung Electronics Co“ ја објави својата најниска добивка во третиот квартал од 2019-та година. Тоа беше и првиот годишен пад на добивката во третиот квартал во последните три години.

Оперативниот профит е 8,3 отсто под просечната проценка, според истражувањето на „Yonhap Infomax“, фирма за финансиски податоци на новинската агенција „Yonhap“. Продажбата се зголеми за 2,7% на годишно ниво. Податоците за нето добивката сè уште не се објавени.

Подоцна овој месец, „Samsung Electronics Co“ ќе ги објави конечните податоци за своите резултати.

Сегашниот извештај е одраз на ослабената куповна моќ, што доведе до намалена побарувачка за чипови од производителите на електроника, како и за облак компјутери и сервери од компаниите.

„Клиентите не реагираат на падот на цените“, рече Ким Ун-хо, аналитичар во „IBK Securities“.

Во последните недели, големите економии агресивно ги зголемија каматните стапки на заемите за да се справат со зголемената инфлација. Војната меѓу Русија и Украина продолжува да ги одржува високите цени на суровините и стоките. Ова влијаеше на глобалната индустрија за чипови, која влезе во цикличен пад. Бумот предизвикан од пандемијата на електронските уреди и домашните апарати целосно исчезна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП