27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕксклузивните содржини на новата српска телевизија, Блиц ТВ отсега достапна на MSat...

Ексклузивните содржини на новата српска телевизија, Блиц ТВ отсега достапна на MSat TV

Најновата српска телевизија, Блиц ТВ отсега е дел од понудата на сателитската телевизија на Мтел Македонија, Msat TV.

Блиц ТВ е модерна српска телевизија која што во фокусот ги има точните, проверени и релевантни информации за светот, политиката, јавниот живот, бизнисот, спортот, културата и шоу бизнисот.

На позицијата со број 46 преку MSat TV може да го превземете каналот и да ги следите сите содржини кои што ги нуди Блиц ТВ, кој со емитување започна минатиот месец, а веќе успева да го освои и задржи вниманието на телевизиската публика.

Телевизијата, покрај високо квалитетната информативна програма, нуди и ексклузивни забавни содржини. Блиц ТВ ќе ја прикажува емисијата „Балканска улица“ со Весна Дедиќ, а од 8 октомври почнува со емитување и едно од најисчекуваните телевизиски содржини – првата сезона од „Цеца шоу – Цеца и деца“ со мега популарната Светлана Цеца Ражнатовиќ. Овој играно – документарен серијал, како што се најавува, ќе ни ја прикаже Цеца, но и нејзиното семејство од сосема поинаков агол. Гледачите на Блиц ТВ преку Msat TV ќе добијат ексклузивен поглед во случувањата во едно од најпознатите семејства во Србија, но и на Балканот.

Блиц ТВ е достапен во сите три пакети од понудата на MSat TV за кои што може едноставно и брзо да аплицирате преку веб страната www.mtel.mk, на телефонскиот број 15010 или преку мрежата на овластени партнери на Мтел Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП