19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Canon“ ќе инвестира 350 милиони долари во фабрика за опрема за чипови

„Canon“ ќе инвестира 350 милиони долари во фабрика за опрема за чипови

„Canon“ ќе потроши повеќе од 50 милијарди јени (350 милиони долари) за изградба на фабрика во централната јапонска префектура Точиги за да го прошири производството на машини за литографија со чипови, пишува „Bloomberg“.

Изградбата ќе започне во Утсуномија во 2023-та година, а фабриката ќе биде оперативна во 2025-та година, изјави портпаролот на „Canon“, Хироки Кобајаши за „Bloomberg News“.

Компанијата, исто така, би можела да ја користи локацијата за производство на опрема за чипови од следната генерација врз основа на техника што ја нарекува наноимпечатување. Но, гигантот сѐ уште не донел конечна одлука, бидејќи технологијата се уште е во развој, додаде Кобајаши.

Литографските машини се клучна опрема за процесот на производство на чипови. Вашингтон се погрижи Кина да не може да ја добие најнапредната технологија за литографија од лидерот во индустријата „ASML Holding“ и ги зголемува своите напори за дополнително ограничување на пристапот на Кина до понапредна опрема.

„Canon“ со седиште во Токио заостанува зад јапонскиот „Nikon“ и холандскиот „ASML“ во испораките на опрема за производство на чипови, а неговите производи се користат за производство на помалку напредни полупроводници. Според „China’s Founder Securities“, машините за литографија на „Canon“ можат да направат само чипови од 130 нанометри, технологија која стана достапна пред повеќе од 20 години.

Потегот на „Canon“ да изгради цела фабрика навестува очекувања за континуирана побарувачка за постари технологии за чипови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП