16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоделбата на „Atos“ на две компании ќе биде завршена најрано во средината...

Поделбата на „Atos“ на две компании ќе биде завршена најрано во средината на 2023-та

Планот на „Atos“ да го подели на две компании на берзата ќе биде завршен „најрано“ до средината на 2023-та година, објави француската ИТ консултантска групација. Веста ги демантираше претходните тврдења на „BFM TV“.

Во писмената изјава испратена до новинската агенција, „Atos“ рече дека поделбата ќе се случи „најрано на 1-ва јули 2023-та година, а најдоцна на 31-ви декември 2023-та година“.

Претходно денеска францускиот медиум „BFM TV“ објави дека раздвојувањето на бизнисите ќе се случи „порано од планираното“ до крајот на следниот јуни.

„BFM“, исто така, рече дека претседателот на групата Бернар Мениер ќе замине откако ќе заврши поделбата.

Во својата писмена изјава, „Atos“ рече дека остатокот од компанијата по поделбата ќе ги „задржи своите сегашни управувачки единици“.

Цената на акцијата на „Atos“ порасна за 5,3% по објавувањето на веста.

Акциите на компанијата изгубија половина од својата пазарна вредност во минатата година по сметководствените грешки и неуспешното преземање на американската компанија го забрза губењето на довербата на инвеститорите и доведе до оставка на двајца нејзини главни директори, Ели Жирар и Родолф Белмер.

Во септември, малцински акционер повика Меуниер да поднесе оставка бидејќи акциите на „Atos“ достигнаа најниско ниво во последните 30 години, поради скептицизмот за планот за реструктуирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП