25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Sony“ подготвува мистериозен телефон

„Sony“ подготвува мистериозен телефон

Според сите најави, „Sony“ заврши со претставување на своите телефони за оваа година. Сепак, на „Geekbench“ се појави нов, но мистериозен телефон на „Sony“.

„Geekbench“ е одлична платформа кога сакаме да видиме што можеме да очекуваме од новите модели во претстојниот период, бидејќи телефоните се појавуваат на оваа листа до неколку месеци пред да бидат претставени. Во овој случај, новиот телефон на „Sony“ би можел да биде и модел за следната година.

Списокот на „Geekbench“ открива некои карактеристики на телефонот, така што уредот го има моделот XQ-DS99, а познати се чипсетот што го напојува телефонот, капацитетот на меморијата и верзијата на „Android“ на која работи.

Телефонот се очекува со чипсет Dimensity 8000, од ​​тајванската компанија „MediaTek“, а чипот е поврзан со 12 GB меморија. Претпоставката е дека телефонот ќе има и опции со помала RAM меморија.

Врз основа на споменатиот чипсет, претстојниот телефон на „Sony“ би можел да биде дел од горниот среден сегмент, а ќе работи на оперативниот систем „Android 12“.

Тоа се сите засега познати детали за уредот, а се очекува во наредниот период да дознаеме повеќе детали за овој мистериозен телефон на „Sony“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП