19 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАFacebook планира на корисниците да им понуди повеќе избор

Facebook планира на корисниците да им понуди повеќе избор

Корисниците ќе можат да изберат дали да гледаат повеќе или помалку пријатели и семејството, како и групи и страници.

На Facebook не му оди најдобро во последно време, па компанијата одлучи да затвори некои апликации кои не се толку популарни и да се фокусираат на своите главни услуги.

Така, социјалната мрежа одлучи да го ажурира својот примарен Facebook Feed, за да им овозможи на корисниците да гледаат повеќе или помалку објави од пријатели, групи или страници.

Ова, за возврат, ќе овозможи да имплементираат повратни информации од корисниците во Feed рангирањето, со што вештачката интелигенција на Facebook ќе биде попаметна и поодговорна.

Во моментов, апликацијата Фејсбук ви дозволува само да ги криете објавите од луѓето што корисникот ги следи или објавите што се препорачани. По промените, новата поставка ќе овозможи опции „покажи повеќе“ или „покажи помалку“ за некои содржини.

На овој начин, покрај подобрувањето на feed содржината на корисникот, ќе се подобри и AI системот што се користи за рангирање на Feed.

Покрај горенаведеното, Facebook тестира и глобално мени за прилагодување на бројот на објави што корисникот ги гледа од пријателите и семејството, групите и страниците. За таа содржина ќе можете да ги изберете опциите: „Нормално“, „Прикажи повеќе“ или „Прикажи помалку“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП