9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТУбивал деца додека спиеле, избодел бремена воспитувачка: Детали за масакрот во градинка...

Убивал деца додека спиеле, избодел бремена воспитувачка: Детали за масакрот во градинка во Тајланд

Напаѓачот, поранешен полицаец, упаднал во градинката вооружен недолго откако децата го завршиле ручекот.

Најмалку 32 лица, меѓу кои повеќе од 20 деца, загинаа денеска во напад на градинка во североисточниот дел на Тајланд.

Панија Камраб, поранешен полицаец, е осомничен дека упаднал во градинката околу 12:30 часот по локално време и почнал да пука и да ги прободува децата и вработените.

Медиумите јавуваат дека тој упаднал во градинката недолго откако децата завршиле со ручекот, а некои од нив ги убил додека спиеле, односно лежеле во собите и се подготвувале за попладневниот одмор.

Меѓу жртвите има и наставничка која била бремена во осмиот месец.

По крвавата гозба, напаѓачот побегнал од местото, а потоа ја убил сопругата, нејзините три деца и на крајот си го одзел животот.

Мотивот за бруталното злосторство не е познат.

Инаку, според тајландските медиуми, Камраб минатата година бил отпуштен од полицијата, откако било откриено дека користел наркотици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП