Вредноста на доларот во однос на кошничката валути на светскиот пазар благо порасна, по тридневен пад.
Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 110,85 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 110,37 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 144,15 на 144,55 јени.
И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 0,9915 долари, додека вчера во ова време беше 0,9960 долари.
Цените на нафтата, пак, растат четврти ден по ред бидејќи се поддржани со вчерашната одлука на ОПЕК и нејзините сојузници од картелот да го намалат производството во наредните месеци.
Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,16 отсто, на 93,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,14 отсто, на 87,90 долари.