23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈА225. ден војна во Украина: Се подготвува напад; Гранатиран Запорожје - луѓе...

225. ден војна во Украина: Се подготвува напад; Гранатиран Запорожје – луѓе под урнатините, има мртви; Зеленски: „Ослободен“

Борбите продолжуваат во Керсон и Запорожје. Украинските сили тврдат дека напредуваат и заземаат се повеќе позиции на југ.

Москва вели дека ги регрупира своите сили во Херсон, дека го запрела напредувањето на украинските сили и дека тие се повлекуваат од Артјомовск.

Дополнителна претпазливост во НАТО по новите потези на Путин. Пентагон испраќа нова помош за Киев.

ДНР: Тројца цивили загинаа во гранатирање на украинските сили

Украинските вооружени сили ја гранатираа самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) 57 пати во последните 24 часа, при што загинаа тројца цивили, а уште шест беа ранети, соопштија властите на ДНР.

Во соопштението на проруските власти се наведува дека украинските сили користат ракети и артилерија, вклучително и ракети на НАТО од 155 милиметри, како и минофрлачи и ракетни фрлачи, а врз областа биле истрелани вкупно 254 гранати.

Наведено е дека десет населени места биле под украински оган и дека биле оштетени 12 куќи и пет објекти од цивилна инфраструктура, пренесува ТАСС.

Се подготвува напад на нуклеарната централа

Елитните единици на украинската војска, Силите за специјални операции, заедно со британски експерти се подготвуваат да ја заземат нуклеарната централа Запорожје, изјави сепаратистичкиот лидер Владимир Рогов за руската државна новинска агенција ТАСС.

Русија лобира за тајно гласање наместо јавно гласање кога 193-членото Генерално собрание на ОН разгледува дали да го осуди потегот на Москва да припои четири региони во Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП