2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche размислува за четири нови модели

Porsche размислува за четири нови модели

por1

„Porsche“ во наредните години би можел да ги израдува своите фанови со дури четири нови модели. Ова не е прв пат да се споменуваат нови модели, но прв пат се наведува нивниот конкретен број, кој воопшто не звучи нереално.

Според наводите, „Porsche“ планира нов модел „Baby Boxster“, но развојот на таков автомобил многу зависи од успехот на „Macan SUV“. Имено, во случај „Macan“ да се покаже како успешен, компанијата ќе започне експеримент наречен помал „Boxster“.

por2

За да се бори на пазарот со серијата 5 на „BMW“ и E класата на „Mercedes“, „Porsche“ разгледува уште еден седан, кој би се викал „Pajun“. Меѓутоа, челните луѓе на компанијата се загрижени дека уште еден седан би можел да им го наруши имиџот како производители на спортски автомобили.

Третиот модел би им бил ривал на „Ferrari 458“ и „McLaren MP4-12C“. Со назив „960“, овој модел би требало да биде спортски автомобил со централно поставен мотор и со цена од околу 190.000 евра.

por3

На крајот, една од опциите е да ја купат верзијата „Panamera“, која би била лансирана за неколку години, заедно со наредната генерација на овој модел.

Иако се работи за интересни гласини, не треба премногу да се верува во нив, а и ако се покажат како точни, ниеден од овие четири модели не треба да се очекуваат на пазарите пред 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП