ЕКОНОМИЈА

Путин ги потпиша законите за прием на нови територии во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша федерални уставни закони за прием на новите територии во Русија и формирање на нови субјекти на федерацијата, пренесе РИА Новости.

Русија ги анектираше регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон.

Ова се случи по референдумите што се одржаа во овие региони од 23 до 27 септември. Во ДПР за оваа одлука гласале 99,23 отсто од гласачите, во ЛНР – 98,42 отсто, во Херсонската област – 87,05 отсто и во Запорожје – 93,11 отсто, додава руската агенција.

Беа објавени и декрети за назначување на Леонид Пашечник за вршител на должноста шеф на Луганската Народна Република и Денис Пушилин за Доњецк.

На 30 септември Путин потпиша договори со шефовите на овие територијални ентитети за прием на регионите во федерацијата, а Уставниот суд ги призна овие договори.

Руските сили во моментов не контролираат целосно ниту една од четирите области.