27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕнергетската состојба во Македонија, слична на приказната со мравката и штурецот!

Енергетската состојба во Македонија, слична на приказната со мравката и штурецот!

На десетина дена пред новата грејна сезона главното прашање на граѓаните е дали државата ќе успее да им обезбеди електрична и топлинска енергија на домаќинствата. Поевтина струја од берзанската чекаат и големите компании кои практично се пред затворање, но изгледите никако не се добри. Викендов македонските власти од нивните колеги од Бугарија добија празно уверување дека сакаат да и помогнат на Македонија, но со кренати раменици им соопштија дека електричната енергија ќе мора да ја продаваат на македонските фирми по берзански цени кои се сериозно високи и неодговараат на македонското стопанство. Србите бараат начин како да донесат гас во земјава со кој ќе се произведува струја и половина ќе и припадне на Србија. Секоја година, надлежните решение за проблемите бараат во последни мигови.

Активистите се загрижени за судбините на граѓаните во оваа како што ја нарекуваат најтешката зима во последниве 70 години. Посебен акцент се става на ранливите категории на граѓани кои досега со судни маки врзуваа крај со крај, но со новите цени на храната и енергенсите тешко им се пишува. Активистите велат дека енергетската криза во земјава е предизвикана пред се поради лошото менаџирање на државните енергетски капацитети.

„За ваквата состојба најодговорни се властите, односно лицата кои се поставени од страна на самите власти кои ги раководат енергетските капацитети. Нивната неспособност и нивната корумпираност ја подигнува цената на енергенсот, а со тоа се намалува животниот стандард на обичниот граѓанин.  Не сум оптимист, повеќе од 20 години имаме лоши раководни структури, сметаме дека овој тренд ќе продолжи и нема да им се помогне на граѓаните туку, само ќе се оди на зголемување на профитот на одредени структури. Ќе се оди на личен профит, на партиски профит, ќе се црпат средства од државната каса, и нема да се води сметка за нејзино полнење за спас на граѓаните“, велат за Денар од Здружението Но Пасеран.

Од Илинденска број два напоменуваат дека од почетокот на кризата надлежните посветуват посебно внимание на најранливите категории на граѓани. Од Владата и натаму уверуваат дека парно греење скопјани ќе добијат на 15ти овој месец, и дополнително се преземени сите мерки за обезбедување на потребното количество на струја. Се преговара со неколку држави, а операциите се доста сложени, велат од Владата.

„На состаноците кои владата ги имаше во Белград почнаа разговори во насока Србија да обезбеди гас, доколку тие најдат начин да донесат во Северна Македонија тогаш во земјава би се произведувала електрична енергија. Половина би била за Србија која ќе обезбеди гас, а половина за Северна Македонија. Од Српска страна се уште ги испитуваат можностите тоа да се направи. Со Бугарија разговаравме за билатерален договор за обезбедување на електрична енергија по поповолна цена од берзанските. Но тоа може да се направи само ако тоа е во согласнос со регулативите на Бугарија која е обврзана сите вишоци на електрична енергија да ги продава на берза. Со Турција министерот за економија имаше средба со нивната државна енергетска компанија и сега се договара понудата во однос на тоа колку количина на струја би можеле тие да ни продададт“, велат од Владата.

На крајот на минатата работна недела пратениците во собранието изгласаа продолжување на Кризната состојба во енергетиката. Одлуката ќе биде на сила до крајот на април, а има за цел да се преземата низа мерки и активности поврзани за намалување на негативните ефекти од самата криза. Во кризната состојба владата ќе има можност да вбризга дополнителни средства во државните енергетски претпријатија за набавка на суровиниза производство на електрична енергија, струја од странство, природен гас и дополнителни енергенси кои се потребни во ова кризно време. Планот на владата е за над 20 отсто да го зголеми домашното производство на струја, план кој за познавачите е далеку од реалноста.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП