18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКомпанија на Боинг претстави автономно воздушно такси(ВИДЕО)

Компанија на Боинг претстави автономно воздушно такси(ВИДЕО)

Бројни компании, вклучително и познати автомобилски и авиокомпании и стартапи, инвестираат големи суми пари во истражување и развој на воздушниот транспорт на иднината. Таквите решенија обично вклучуваат мали електрични авиони кои можат да полетуваат вертикално, така што, како хеликоптери, не им треба аеродромска писта.

Вакво летало, односно воздушно такси бидејќи е направено за оваа намена, го претстави стартапот Wisk Aero. Да потсетиме, станува збор за компанија која заеднички ја лансираа Boeing и Kitty Hawk, уште еден стартап за развој на воздушни такси што беше финансиски поддржан од ко-основачот на Google, Лери Пејџ, а кој од неодамна беше затворен.

Ова е веќе шеста генерација на авионите на Wisk Aero, а компанијата ќе побара регулаторно одобрение од Федералната управа за авијација за негово користење како дел од комерцијалната услуга за патници со воздушно такси. Она што го прави посебен нивниот нов авион е неговата автономија, односно не е наменет да го управуваат луѓе, односно пилоти, туку компјутери и напреден софтвер, но со човечки надзор од земја.

Авионот на Виск има шест предни мотори, секој со пет пропелери кои можат да се монтираат хоризонтално и вертикално, и уште шест задни ротори со два пропелери монтирани вертикално. Може да лета на надморска височина од 750 до 1200 метри, со домет од околу 140 километри, што треба да биде сосема доволно со оглед на тоа што треба да се користи како авионско такси, за превоз на патници на кратки растојанија.

Од оваа компанија сметаат дека во наредните пет години би можеле да ја започнат својата комерцијална авио-такси услуга на дваесетина големи пазари, а очекуваат дури 14 милиони летови годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП