2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„iPhone 6“ официјално стана олдтајмер

„iPhone 6“ официјално стана олдтајмер

Кога беше објавен во 2014-та година, „iPhone 6“ забележа огромен успех. Тоа беше првиот „iPhone“ кој имаше верзија плус, а на многу луѓе им се допадна поради поголемата површина на екранот.

Интересно е што „iPhone 6“ сè уште се користи денес, и покрај тоа што не добива ажурирања од 2018-та година. Објавувањето на софтверот „iOS 13“ во 2019-та година го означи крајот за „iPhone 6“ во областа на софтверските надградби, а сега „Apple“ го наметнува крајот и на поддршката за уредот во хардверскиот сегмент.

„Apple“ сега го категоризира „iPhone 6“ како олдтајмер, односно застарен производ, така што компанијата повеќе нема да обезбедува делови или услуги за овој уред.

„Сопствениците на производите на „iPhone“, „iPad“, „iPod“, „Mac“ или „Apple TV“ можат да добиваат услуги или делови од провајдери на „Apple“, вклучително и „Apple Stores“ или независни сервисери, најмалку 5 години од последната дистрибуција на производот за продажба“, компанијата „Apple“ посочува.

Од друга страна, користењето на моделот „iPhone 6“ веќе нема ни многу смисла. Бидејќи уредот користи стара верзија на „iOS“, ниту повеќето апликации веќе не добиваат ажурирања. Најновата верзија, објавена во септември (iOS 16) на софтверот, бара „iPhone 8“ или понова верзија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП