30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКои се брендовите со најлојални клиенти?

Кои се брендовите со најлојални клиенти?

Поголемиот дел од сопствениците на нови возила во текот на изминатата година се справија со кризата со ниските залихи на автомобили кај дилерите, што пак се покажа како сериозна поддршка за соодветните марки – и во премиум и во масовниот сегмент.

До овој заклучок дојде консултантската компанија „J.D Power“, која ја објави својата студија „2022 U.S. Automotive Brand Loyalty Study“.

Целта на оваа студија е да утврди кои брендови застапени на американскиот пазар имаат најлојални клиенти. Овогодинешното истражување е проширено за да ги опфати следните категории – премиум автомобил, премиум „SUV“, автомобил на масовен пазар, „SUV“ на масовен пазар и пикап возило. За истражувањето кое се спроведува четврта година по ред се користени податоци од „Power Information Network“. Тие мора да покажат дали сопственикот ја купил истата марка откако го заменил постоечкиот автомобил со нов.

Највисока оценка меѓу премиум брендовите забележа „Porsche“ со 57,4% лојалност, пред „Genesis“ (54,6%). Помеѓу премиум „SUV“-марките, првото место го има „BMW“ со 58,6%, а второто „Lexus“ (56,4%). Во масовниот сегмент лидер е „Toyota“ со 62,2%, пред „Kia“ (54,1%). Јапонската марка победува и кај масовните теренци со 63,6%, оставајќи го зад себе „Subaru“ (62,6%).

„Ford“ се рангираше највисоко меѓу брендовите на пикап возила со 63,8% лојалност, што е највисока стапка на лојалност во истражувањето. На второ место во оваа категорија останува за „Toyota“ (58,7%).

Пресметките на истражувањето за 2022-ра година се засноваат на податоци за купување нови возила од септември 2021-ва до август 2022-ра година и ги вклучуваат сите години на модели на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП