2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија во јули ја пoсетиле над 100 илјади туристи

Македонија во јули ја пoсетиле над 100 илјади туристи

turisti1

Над 100 илјади туристи престојувале во Македонија во јули годинава, од кои повеќе од половина се домашни туристи. Од странските најприсутни биле Турците, Србите и Холанѓаните. Меѓу побројните се и туристите од Полска, Бугарија и Грција.

Според податоците објавени од Државниот завод за статистика, бројот на странски туристи во јули е зголемен за 10,3 проценти, а за 13,1 отсто е намален кај домашните туристи во однос на истиот период лани.

Во јули бројот на туристи изнесувал 111.620 и во споредба со истиот период лани е намален за 4,5 проценти, додека бројот на ноќевањата бил 515.069. Зголемување за 7,4 проценти има кај ноќевањата на странските туристи, а бројот на ноќевањата на домашните туристи е намален за 9,1 отсто.

Во периодот јануари-јули во однос на истиот период од минатата година, бројот на туристи е зголемен за 2,8 проценти, додека бројот на ноќевањата остана на исто ниво. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП