28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНаука и технологија: Илон Маск претстави робот кој полева цвеќиња и носи...

Наука и технологија: Илон Маск претстави робот кој полева цвеќиња и носи кутии

Милијардерот Илон Маск го претстави најновиот прототип на хуманоиден робот развиен од Tesla.

Оптимус се појави на сцената на настан во Силиконската долина, каде што им мавташе на толпата и ги крена колената.

Извршниот директор на компанијата изјави дека работата на овој модел се уште е во тек и ќе биде пуштен во продажба за неколку години.

Роботите на Tesla за масовен пазар ќе бидат тестирани на работните места во фабриките за автомобили, соопшти компанијата.

Прототипот на роботот беше претставен за време на Денот на вештачката интелигенција, кој секоја година го организира Тесла.

Видеото покажува како Optimus изведува неколку едноставни задачи, наводнува цвеќиња, носи кутии и крева метални шипки.

Маск изјави дека ќе започне масовно производство на вакви роботи, а цената по парче ќе биде нешто пониска од 20.000 долари.

Тој додаде дека очекува масовна продажба да започне за три до пет години.

„Ова се навистина фундаментални промени за цивилизацијата каква што ја знаевме досега“, рече Маск.

Инвеститорите и финансиските аналитичари изразија одреден скептицизам за планот на Тесла да се сврти кон роботиката.

Некои експерти го советуваат Маск дека компанијата треба да се фокусира на својата основна дејност – производство на електрични автомобили.

Но, Маск рече дека сака да реши еден од најтешките проблеми на вештачката интелигенција – како да се изгради машина што може да го замени човекот.

Бизнисменот, кој еднаш ја предупреди јавноста дека вештачката интелигенција е закана за човештвото, рече дека Тесла сака да обезбеди транзиција кон безбедно општество во кое роботите ќе ја вршат работата, а луѓето ќе ги собираат плодовите од таа работа.

„Ние секогаш сакаме да бидеме внимателни, за да не тргнеме по патот на Терминатор“, рече Маск, мислејќи на холивудскиот блокбастер за киборгот убиец.

Маск додаде дека неговата компанија има вградено и безбедносен механизам со копче за стопирање.

Тој најави и дека акционерите на Tesla ќе одредат дали компанијата е општествено одговорна.

Целта на Денот на вештачката интелигенција на Тесла е да регрутира нови експерти и да ги прикаже најновите производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП