27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Twitter“ сѐ повеќе се претвора во „TikTok“

„Twitter“ сѐ повеќе се претвора во „TikTok“

Компанијата додаде „потопливо“ видео во својата услуга, како и препораки за видео во својот дел „Explore“.

Видео содржината на „Twitter“ сега многу ќе личи на „TikTok“. Компанијата објави дека се префрла на „потоплив“ видео плеер на цел екран за гледање клипови.

Исто така, позајмен е гестот „swipe up“ кој ќе им овозможи на луѓето бескрајно да се движат низ голем број видеа на платформата.

Ажурирањето ќе го направи гледањето видеа на „Twitter“ да се чувствува слично на искуството што го имаме кога бараме видеа на „TikTok“ или „Instagram Reels“, барем кога станува збор за корисничкиот интерфејс.

Овие промени засега се ограничени на апликацијата „Twitter iOS“, но компанијата најавува дека слична надградба ќе пристигне и на „Android“ во наредните недели.

Покрај тоа, „Twitter“ тестира и промена која треба да привлече повеќе корисници да гледаат видео содржини на оваа платформа.

Се експериментира со нов дел за препораки за видео на страницата „Twitter Explore“. Тие предлози ќе бидат достапни за корисниците во одредени земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП