Откако Илон Маск го претстави Cybertruck, возилото на Tesla привлекува големо внимание во јавноста. Самата презентација се покажа како спектакуларен неуспех бидејќи на крајот ги искрши наводните неуништливи прозорци. Исто така, самиот дизајн на Cybertruck предизвикува спротивставени мислења. Додека некои го сметаат за привлечен и интересен, многумина го критикуваа на интернет и социјалните мрежи, но и покрај овие критики, Tesla може да се пофали со голем број на нарачки однапред.
Оваа недела, Илон Маск на Твитер зборуваше за Cybertruck со прилично изненадувачка објава во која напиша дека претстојниот пикап на Tesla може, верувале или не, да се користи како брод. Имено, тој напиша дека ќе биде доволно водоотпорен за да може кратко време да се користи како чамец, така што ќе може да поминува низ реки, езера, па дури и мориња кои не се премногу брановидни.

