29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Porsche“ го изврши најголемото ИПО во Европа

„Porsche“ го изврши најголемото ИПО во Европа

Групацијата „Volkswagen“ ја заврши планираната иницијална јавна понуда на производителот на луксузни спортски автомобили „Porsche“. Од вчера, инвеститорите можат да купуваат акции на „Porsche“ на берзата во Франкфурт под трговскиот симбол „P911“ – аналогија на иконскиот модел „911“.

Акциите на компанијата завршија со тргување по 82,50 долари по парче.

Успешната котација го прави ИПО-то на Порше најголемо досега во Европа со пазарна капитализација од околу 78 милијарди евра. 113.875.000 акции без право на глас пласирани од „Volkswagen“ а кои претставуваат 12,5% од основната главнина на „Porsche AG“.

Оливер Блум, претседател на Извршниот одбор на „Porsche AG“, го нарече ИПО-то „историски момент“ за компанијата.

„Прво и основно, би сакал да им се заблагодарам на нашите повеќе од 37.000 посветени колеги ширум светот и на сите што ни овозможија да го објавиме нашиот успешен ИПО денес“, рече Блум.

Вработените беа однапред уверени дека нема да се изгубат работни места.

Одборот на директори на „VW“ доби гаранции дека приходите од првичната јавна понуда ќе бидат инвестирани во електрична мобилност, вклучувајќи ги и планираните шест фабрики за батерии во Европа.

„„Porsche“ сака да расте со своите луксузни производи и услуги и да преземе општествена одговорност. Компанијата сака да постигне водечка позиција во електромобилноста и си постави амбициозни цели. Во 2030-та година, целта на „Porsche“ е повеќе од 80% од новите испорачани возила да бидат електрични“, додаде Оливер Блум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП