петок, 2 декември 2022
ПочетнаКОМПАНИИ„Nintendo“ ќе ги дели акциите во обид да привлече нови инвеститори

„Nintendo“ ќе ги дели акциите во обид да привлече нови инвеститори

„Nintendo“ го имплементираше претходно најавеното делење на акциите 10 за 1, чија цел беше да се намали цената на поединечните акции со цел да привлече нови инвеститори во повеќе од 100 години стариот јапонски гигант за игри, пренесува „CNBC“.

Акцијата ја заврши сесијата на 6.043 јени (41,76 долари), откако ја заврши сесијата во средата на 59.700 јени. Акциите паднаа за повеќе од 1 отсто во петокот попладне во Азија.

Секоја од обичните акции на „Nintendo“ е поделена со 10, па оттука и намалувањето на вредноста.

Овој потег има за цел да привлече поширок опсег на инвеститори. Во Јапонија, инвеститорите обично треба да купат блок од 100 акции во една компанија. По старата цена на хартијата на „Nintendo“, тоа би ги чинело минимум 5,97 милиони јени, или нешто повеќе од 41.200 долари. По поделбата, 100 акции ќе вредат 604.300 јапонски јени, т.е. нешто повеќе од 4.170 долари на затворањето на трговијата во четвртокот. Ова потенцијално може да ги направи подостапни за луѓето кои сакаат да инвестираат во „Nintendo“.

„Компанијата „Nintendo“ сега е подостапна, особено за помладите луѓе, вид на инвеститори кои станаа сè попопуларни во Јапонија во последниве години“, рече Серкан Тото, извршен директор на консултантската компанија „Kantan Games“ со седиште во Токио.

Голем број големи технолошки фирми, вклучувајќи ги „Apple“ и „Amazon“, најавија поделби на акциите во изминатите неколку години. Иако овој потег суштински не ги менува компаниите, тој го прави купувањето на акции подостапни.

Поделбата доаѓа во важен момент за 133-годишната „Nintendo“ со оглед на предизвиците во индустријата за видео игри. Во вториот квартал од годината, оперативната добивка на „Nintendo“ падна за 15%, а падна и продажбата на нејзината водечки играчка конзола „Switch“. Јапонскиот гигант за игри се соочува со предизвици во синџирот на снабдување кои ја попречуваат неговата способност да ја задоволи побарувачката за „Switch“.

Сепак, игрите на „Nintendo“ сè уште се привлечни за широк опсег на корисници. Овој месец, компанијата соопшти дека продажбата на „Splatoon 3“ во Јапонија надмина 3,45 милиони единици, што е домашен рекорд за софтверот „Nintendo Switch“ во првите три дена од продажбата. „Splatoon 3“ беше објавен на 9-ти септември.

Дополнително, „Nintendo“ се подготвува да објави нови игри во наредните месеци, вклучително и нов наслов во франшизата „Pokemon“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП