19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолска и Бугарија до своите граѓани: Итно напуштeте ja Русија

Полска и Бугарија до своите граѓани: Итно напуштeте ja Русија

Владите на Полска и Бугарија ги повикуваат своите граѓани кои се уште се во Русија веднаш да ја напуштат земјата.

Како што пренесува Гардијан, тоа би можело да биде потег направен во очекување на уште поголеми гужви на граничните премини, со оглед на тоа што се повеќе луѓе бегаат од Русија од мобилизацијата за војната во Украина.

Министерството за надворешни работи на Бугарија синоќа ги повика граѓаните на таа земја „да се воздржат од патување во Руската Федерација“ и ги советува бугарските државјани кои се во Русија „да ја разгледаат можноста што поскоро да ја напуштат земјата, користејќи ги моментално достапните превозни средства“.

Слично соопштение испрати и полското Министерство за надворешни работи, јавуваат полските медиуми.

„Во случај на драстично влошување на безбедносната ситуација, затворање на границите или други непредвидени околности, евакуацијата може да биде значително тешка, па дури и невозможна. Препорачуваме полските граѓани кои се на територијата на Русија да ја напуштат нејзината територија користејќи ги достапните комерцијални или приватни превозни средства“, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП