29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„BMW“ го претстави својот супер „SUV“ (ФОТО/ВИДЕО)

„BMW“ го претстави својот супер „SUV“ (ФОТО/ВИДЕО)

„BMW“ ги изненади сите во ноември 2021-ва година со откривањето на својот агресивен „Concept XM“. Сега на ред е сериската верзија, со главно истиот дизајн што ги подели обожавателите на брендот главно поради неговиот преден дел.

Елегантниот „SUV“, достапен исклучиво со „plug-in“ хибриден погон, е првиот самостоен производ од „М“-дивизијата на марката откако оригиналниот „M1“ беше прекинат во 1981-ва година. Како што можете да видите, тој во никој случај не е директен наследник на купето со мотор во средината, бидејќи „BMW“ очигледно сака да заработи од арактивноста на теренците кај купувачите.

Новиот модел е позициониран над „X5 M/X6 M Competition“ и „X7 M60i“, а притоа нема никаква сличност со тие модели – во добро или во лошо. Сè за него е големо, вклучувајќи ги и стандардните 23-инчни тркала со 275/35 R23 напред и 315/30 R23 задни гуми.

Сличностите со легендарниот „M1“ завршуваат со малку заоблениот заден дел. Како и кај сите полноправни „M“-автомобили, „XM“ има четири издувен систем. Импресивно широките задни светла го надополнуваат мускулестото тело и опкружуваат истакнат амблем на „XM“ со златни контури за да ги повторуваат другите надворешни детали.

Првиот „M“ производ со хибриден погон (PHEV) има приклучок за полнење на предниот лев браник, кој ќе биде ист како и следната генерација на „M5“. Под хаубата, „BMW“ го постави својот нов мотор „S68“, твин-турбо 4,4-литарски V8 со блага хибридна технологија. Самиот мотор со внатрешно согорување развива 490 ks и 650 Nm достапни при 1.600 вртежи во минута. Во 8-брзинскиот автоматски менувач е вграден електричен мотор со 195 ks и 280 Nm.

Вкупната моќност на погонскиот систем достигнува 645 ks и 800 Vm, кои обезбедуваат забрзување од 0 до 100 km/h за 4,3 секунди. Максималната брзина е ограничена на 250 km/h, но со додавањето на „M Driver’s Package“, ограничувачот се движи до 270 km/h. Електричниот мотор се напојува од батеријата со употреблива моќност од 25,7 kWh, а само во електричен режим „XM“ ќе помине 48 km со максимална брзина од 140 km/h.

Новиот супер „SUV“ на „BMW“ тежи 2.750 kg, што е совршено распоредено меѓу двете оски – 50:50. Тоа е најтешкиот автомобил во историјата на марката, што не е изненадување со оглед на фактот дека има голем V8 мотор, електричен мотор и батерии под хаубата. Димензиите на „XM“ се должина од 5.110 mm, ширина од 2.005 mm, висина од 1.755 mm и растојание помеѓу двете оски од 3.105 mm.

Според последниот индикатор, „XM“ е идентичен со триредниот „X7“, но во кабината се сместени само 5 луѓе. Ја нема раскошната внатрешност на „Concept XM“, но купувачот добива двобојна тема која не потсетува на минатогодишниот ревијален автомобил, со „Vintage Coffee Merino“ кожа во комбинација со мека „Nappa“ кожа. На таванот има не помалку од 100 LED диоди за фантастични светлосни ефекти врз основа на избраниот режим на возење.

Големиот „SUV“ го користи најновиот инфозабавен систем „iDrive 8“ со „head-up“ дисплеј како стандардна опрема, притоа нудејќи го најширокиот опсег на системи за помош на возачот што некогаш биле вградени во „BMW“.

Производството на „BMW XM“ ќе започне пред крајот на оваа година во фабриката во Спартанбург, Јужна Каролина. Цените започнуваат од 160.000 долари, а специјалната верзија на „XM Label Red“ доаѓа на почетокот на следната година. Со него погонскиот систем ќе развива 735 ks и 1.000 Nm, а ќе биде достапен со специјална боја, бандажи и внатрешност. Неговите цени сега ќе започнуваат од 185.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП