25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА215. ден војна во Украина: Тешки борби; Жестоко гранатирање; Повредени деца; Украинците...

215. ден војна во Украина: Тешки борби; Жестоко гранатирање; Повредени деца; Украинците напредуваат?

Во четири региони на истокот на Украина четврти ден се гласа за референдуми за приклучување кон Русија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека по референдумот веќе нема да бидат можни преговори со рускиот претседател Владимир Путин.

Москва, од друга страна, го обвинува Киев за гранатирање во близина на најголемата европска нуклеарна централа Запорожје, која е под контрола на руските сили.

Уште седум бродови натоварени со жито испловија од украинско пристаниште, соопшти тамошното министерство.

Руските сили повторно нападнаа

Руските сили повторно ја нападнаа Одеса со беспилотни летала, еден од нив беше соборен од противвоздушната одбрана, а два погодија воен инфраструктурен објект, соопшти денеска шефот на регионалната воена управа Сергиј Братчук.

Тој изјави дека населението е евакуирано поради пожарот и детонацијата на муниција, пренесува Интерфакс Украина.

Украинците напредуваат? Тешки борби долж линијата на фронтот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на многу места долж линијата на фронтот се водат тешки битки со руските сили и дека припадниците на украинската армија постигнале успех на неколку позиции.

„Постигнавме успех на неколку борбени позиции“, рече Зеленски во синоќешното видео обраќање до нацијата, пренесе Ројтерс.

Претходно вчера, украинскиот претседател изјави дека Киев добил два противвоздушни системи НАСАМС од Соединетите Американски Држави.

„Бевме во контакт“

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Вашингтон бил во директен контакт со Москва поради заканите за употреба на нуклеарно оружје.

„Да, бевме во контакт. Многу е важно Москва да слушне од нас и да знае од нас дека последиците би биле страшни. И ние тоа многу јасно го кажавме“, рече Блинкен во интервју за CBS, одговарајќи на прашање дали САД беа во контакт со Русија за заканата од нуклеарна војна.

Како што рече Блинкен, Кремљ има нуклеарен „синџир на команда“, но исто така е неизвесно дали некој би му рекол „не“ на рускиот претседател Владимир Путин доколку тој одлучи да користи нуклеарно оружје.

Државниот секретар на САД одби да сподели детали за тоа како САД ќе одговорат на евентуалната употреба на нуклеарно оружје, но рече дека администрацијата има план.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП