20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали се доволни 4 цилиндри? Новиот „Mercedes-AMG C63“ го имаше своето деби...

Дали се доволни 4 цилиндри? Новиот „Mercedes-AMG C63“ го имаше своето деби (ФОТО/ВИДЕО)

Што добивате кога ќе го комбинирате најмоќниот дволитарски мотор и електричната моќност? Одговорот е новиот „Mercedes-AMG C63 S E Performance“.

Токму така, зад името кое некогаш имаше моќен V8 под хаубата, сега се крои 2.0-литарска единица со четири цилиндри.

Сепак, овој мотор, кој со турбина и електрична асистенција произведува прилично голема моќ, нуди доволно за да го замени гореспоменатиот V8, велат од „Mercedes“.

Иако производителите се фокусираат на една иновација при претставувањето на новите генерации, „Mercedes“ одлучи да направи два, па дури и три големи скока.

Покрај новиот концепт на мотор, кој се спушти дури два скалила, сега има и погон на сите тркала.

Сега веќе добро познатиот 2.0-литарски бензински мотор од серијата „M139L“, со помош на уште поголема турбина, дава уште поголема моќност.

За потсетување, кај „Mercedes SL43“ произведува до 381 ks, во „Mercedes C43“ до 408 ks, а сега во „C63“ произведува неверојатни 476 ks. На тоа треба да се додадат 545 Nm вртежен момент за статусот на најмоќниот сериски 4-цилиндричен во историјата на автомобилскиот свет.

На сето ова додадете 204 електрични коњски сили, кои со помош на електронски контролиран диференцијал со ограничено пролизгување ја придвижуваат задната оска.

Ако се движи само на струја, може да развие до 125 km/h и да помине скромни 13 km. Не звучи убедливо, што јасно покажува дека целта на „AMG“ била моќта, а не ефикасноста.

Батеријата со капацитет од 6,1 kWh може да додаде максимум 150 kW на погонот за цели 10 секунди и секогаш обезбедува минимум 70 kW/95 ks.

Во комбинација, „Mercedes-AMG C63“ има 680 ks и 1020 Nm. Германскиот производител наведува дека автомобилот до 100 km/h стигнува за само 3,4 секунди, а максималната брзина и понатаму е ограничена на 250 km/h, односно 280 km/h со посебно барање.

Просечната потрошувачка е само 6,9 l/100 km, ако се верува на фабричките тестирања.

Покрај погонот на двете оски, новиот „C63“ за прв пат добива и систем за управување со 4 тркала, а листата на стандардна опрема вклучува адаптивна суспензија, композитни сопирачки и „AMG Dynamics Drive“ селектор.

Автомобилот доби спортска иконографија однадвор, со особено видливи предни продолжетоци, додека внатрешноста е украсена со дигитален „AMG“ кокпит и спортски седишта.

За жал, поставувањето на помал мотор не ја намали масата. Напротив, таа се зголеми од 1.680 на 2.111 kg, што е повеќе дури и од „Mercedes S500“ (2.045 kg), поради хибридниот погон, погонот на сите тркала и поголемата каросерија.

Друга интересна работа е караванот во понудата, но само за Европа.

Цената сѐ уште не е објавена, но се претпоставува дека нема да биде многу повисока од конкурентниот „BMW M3“. Во секој случај би требало да биде над 100.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП