26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„UniCredit“ сака поголем дел од германскиот пазар

„UniCredit“ сака поголем дел од германскиот пазар

Италијанскиот банкарски гигант „UniCredit“ ја разгледува можноста за преземање во Германија за да го реализира својот план да стане вистинска европска банка, изјави извршниот директор Андреа Орсел за германскиот весник „Handelsblatt“.

„Значително зголемување на нашиот пазарен удел во Германија би било добро за „UniCredit“ како целина“, изјави Орсел за германскиот деловен дневен весник.

„Банката сè уште генерира од 40 до 45 отсто од својот приход во Италија, а мојата голема цел е да станам целосно развиена европска банка“, изјави Орсел.

Спојувањата и преземањата можат да бидат забрзувач и да создадат додадена вредност под соодветни услови, додаде првиот човек на италијанската банка.

Разговорите со извршниот директор на „Commerzbank“ за можно спојување, за кои медиумите објавија во мај, не напредувале далеку и се замрзнати поради војната во Украина, ја цитира весникот изјавата на извршниот директор.

„Не сме разговарале детално“, одговори шефот на „UniCredit“ на прашањето за разговори со вториот по големина кредитор во Германија.

Најголема германска банка е „Deutsche Bank“, потсетува „Reuters“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП