25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИнвестициите на „Газпром“ го надминаа планот

Инвестициите на „Газпром“ го надминаа планот

Рускиот гасен гигант „Газпром“ го зголеми својот инвестициски буџет оваа година бидејќи приходите од извоз ги надминаа очекувањата и ги надоместија помалите пратки, рече заменик-извршниот директор Фамил Садигов.

Инвестициската програма за оваа година е зголемена за 222 милијарди рубљи, на 1.980 милијарди рубљи (33,38 милијарди долари), објави во четвртокот руската компанија.

Капиталните трошоци ќе се зголемат за 319,1 милијарди рубљи и ќе изнесуваат 1.750 милијарди рубљи, главно поради дополнителни средства за развој на центри за производство на гас на полуостровот Јамал и на истокот на Русија.

„Новиот буџетски план рефлектира за 34 отсто поголеми приходи од продажба на гас од предвидените во првата верзија на буџетот“, рече Садигов.

„Помалиот обем на извоз на гас беше целосно неутрализиран со зголемувањето на извозната цена“, појасни Садигов.

Повисоките приходи во првата половина од годината „покриле“ повисоки даночни обврски и важни инвестициски проекти, како што се гасоводот „Моќта на Сибир“ и складирањето на полуостровот Јамал во северен Сибир, додаде шефот на „Газпром“.

„Компанијата ќе плати и 1.200 милијарди рубљи (20 милијарди долари) дивиденда за резултатите во првата половина од годината“, рече Садигов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП