Согласно Деловниот план и развојната политика, како и стратегијата за воведување на нови деловни линии и финансиски активности, Стопанска банка АД – Скопје донесе одлука и формираше ново трговско друштво – „Друштво за лизинг СТОПАНСКА ЛИЗИНГ ДООЕЛ Скопје“.
Единствен содружник на СТОПАНСКА ЛИЗИНГ ДООЕЛ Скопје е Стопанска банка АД – Скопје (100% сопственост). Седиштето на лизинг друштвото е на улица Македонија бр. 16, Центар, Скопје, а за Управител на друштвото е именуван г-дин Жарко Кржаловски.

