3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТелефон чии компоненти можете да ги менувате

Телефон чии компоненти можете да ги менувате

tel11

Дејв Хакенс, холандски дизајнер, предложи дизајн за модуларен смартфон кој потсетува на „LEGO“ и наречен е „Phonebloks“.

Неговиот иновативен дизајн би требало да ја намали количината на ИТ отпадот, бидејќи батеријата, процесорот или антената, можат да се издвојат од целината и да се променат, а притоа да не го промените целиот телефон.

Хакенс неговата идеја ја претстави на мрежата „Thunderclap“ и досега доби 50.000 гласови поддршка.

Видеото кое го објави, има четири милиони прегледи, а дизајнерот планира до 29. октомври дополнително да ја промовира својата идеја и да го привлече вниманието на производителите на телефони.

Иако идејата за намалување на отпадот делува примамливо, ваквиот уред значително ја ограничува можноста за дизајн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП