29 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТвитер ќе го повика Илон Маск да сведочи следната недела

Твитер ќе го повика Илон Маск да сведочи следната недела

Твитер се подготвува да го повика Илон Маск да сведочи на 26 и 27 септември за договорот за преземање вреден 44 милијарди долари, се вели во судската пријава за случајот.

Веста за изјавата на Маск доаѓа откако ко-основачот на Твитер и поранешен извршен директор Џек Дорси денеска одговараше на прашањата на адвокатите на компанијата и правниот тим на Маск, јавува Си-Ен-Ен.

Претходно овој месец, судијата пресуди дека милијардерот може да ги надополни тврдењата на случајот врз основа на откритијата на свиркачот Затков, поранешен шеф на безбедноста на Твитер, кој ја обвинува компанијата за сериозни безбедносни пропусти што ги ставаат на ризик нејзините корисници.

Твитер соопшти дека тврдењата на Затко поттикнале „лажна приказна“ од компанијата и дека тврдењата на Маск биле „фактички неточни, правно дефицитарни и комерцијално неважни“.

Судијата го одби барањето на Илон Маск да се одложи судењето против Твитер по откритијата на свиркачите, а адвокатите на Маск го прошируваат случајот против Твитер.

Да потсетиме дека Маск се обиде да го раскине купопродажниот договор, наведувајќи дека Твитер го довел во заблуда за големината на корисничката база, како и за бројот на ботови и спам профили.

Твитер ги негираше наводите на Маск и го тужеше пред судот во Делавер.

Маск потоа поднесе контра тужба.

Двете страни ќе започнат петдневно судење на 17 октомври, а потоа судијата ќе одлучи дали Маск мора или не мора да ја купи компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП