13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

latestnews1

Најнови вести од светот 13.09.2013 година


Белград
– Компанијата СББ е подготвена да нуди услуги за мобилна телефонија користејќи ја инфраструктурата и мрежата на еден од постоечките оператори. Така пазарот на мобилната телефонија во Србија наскоро ќе добие четврти оператор. Компанијата СББ ја повика РАТЕЛ како регулатор на пазарот да овозможи на новите оператори излез на пазарот. Бидејќи Телемах Словенија цела година успешно пружа услуги за мобилна телефонија на територијата на Словенија, стратешка одлука на Јунајтед Груп, каде СББ е интегрален дел, е да стане мобилен оператор во целиот регион во кој работи.

Загреб – Во изминатите три месеци целосно незабележително Хрватска во посебни делегации ја посетија двајца индонезиски милијардери, пишува хрватскиот весник Глобус. Во почетокот на јуни, во посета беше Абдулах Хендроприоно, сопственик на корпорацијата Хендроприоно, чија вредност се проценува на 5 милијарди долари. Од Џакарта стигна и Сумади Кусума, сопственик на Глобал Путра Интернешенел Груп, чија вредност се проценува на 6 милијарди долари. Кусума го интересира влезот на европскиот пазар па сака да го купи аеродромот во Осиек, а го интересираат и морските пристаништа Риека и Плоче, пишува Глобус. – Откако самиот се распрашував за вашата земја и ја проучив предноста на нејзината положба, не ми требаше долго да видам дека може да станете Сингапур на Средна и Источна Европа – рече Кусума.

Загреб – Унгарската нафтена компанија МОЛ, неодамна испрати писмо до хрватската влада и Министерството за економија во кое предупреди дека од Хрватска ќе бара надомест за штета. МОЛ ќе бара надомест поради тоа што државата никогаш не презела работа со гас од Ина, иако на тоа се обврзала во 2009 година. Како што пренесе интернет порталот СЕЕ биз, повикувајќи се на прашањето на Јутарњи лист, МОЛ се закани дека ќе побара најмалку 2 милијарди куни оштета, бидејќи смета дека толку има загуба бидејќи владата не го испочитувала договорот за преземање на загубарска дејност со гас.

Љубљана – ЕЦБ наводно е заинтересирана Словенија да побара финансиска помош во рамки на Европскиот стабилизациски механизам, објави Ханделсблат. За Словенија веќе долго се шпекулира како за кандидат за странска финансиска помош поради нејзиниот проблематичен банкарски сектор.

Лондон – Велика Британија и понатаму ќе управува со клучната меѓубанкарска стапка ЛИБОР (Лондон Интербанк Офферед Ратес) објави Фајненшел тајмс. Порано беше објавено дека поради скандалот кога водечките банки на лондонски Сити манипулираа со стапката, контролните органи на ЕУ можеа на Лондон да му го одземат статусот на оператор. Европските аналитичари прогнозираа дека во поново време управувањето со тие показатели може да биде предадено на Париз.

Виена – Квалитетот на имотот на австриските банки во многу земји од средна и источна Европа се влошува, а резервациите за лошите кредити во тој регион можеби не се примерни. Квалитетот на имотот на банките на консолидирана основа се влошува и тешко може со цела сигурност да се процени поради немање на податоци за изложеноста во регионот на средна и југоисточна Европа, предупреди ММФ, во редовниот извештај за стабилноста на австрискиот финансиски имот. Како причина за недостиг на податоци ги наведуваат различните сметководствени стандарди и стапки за враќање во земјите на регионот, вклучувајќи ја и евиденцијата на ненаплатливите кредити.

Отава – Најдобро платените вработени Канаѓани кои се еден отсто од сите вработени годишно заработуваат по 191.100 канадски долари 139.140 евра. Тоа е седум пати над просечната годишна плата од 27.800 канадски долари, или 20.241 евро, соопшти државната статистичка служба. Тие податоци собрани од 2011 година, а објавени во средата, покажаа дека 10 отсто Канаѓани во 2010 година имале вкупен приход поголем од 80.400 канадски долари или 58.540 евра.

Париз – Во светот секоја година третина од произведената храна, дури 1,6 милијарди тони останува неискористена, се наведе во извештајот на Организацијата на ОН за храна и земјоделство. – Емисијата на јаглерод диоксид од неискористените прехранбени производи се проценува дека на годишно ниво изнесува околу 3,3 милијарди тони, што е околу половина емитуван гас со ефект на стаклена градина, кој годишно го произведуваат Кина и САД – се наведува во извештајот објавен во весникот Монд. За производство на храна на годишно ниво се трошат околу 250 километри кубни водени ресурси и се зазема 1,4 милијарди хектари земјиште.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП