Тимот од Sony постојано се обидува да ја подобри својата конзола PlayStation 5, па на почетокот на овој месец претстави модел кој е малку полесен во однос на оригиналните уреди. Но, како што пренесуваат технолошките медиуми, јапонската компанија веќе подготвува уште една промена која секако ќе ја поздрават сите идни сопственици на новата генерација на најпопуларната гејмерска конзола во светот.
Верзијата на PlayStation 5 што ја подготвуваат за следната година (најверојатно ќе ја претстават во септември 2023 година) ќе биде потенка во однос на сегашната конзола. Sony ќе го намали уредот со отстранување на погонот за Blu-ray дискови, но тоа не значи дека само дигиталната верзија ќе остане во понудата. Имено, објаснуваат на Cnet, новиот PS5 ќе доаѓа со надворешна единица за Blu-ray која, според тоа, нема да биде интегрирана во самата конзола.

