26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„PepsiCo“ го запре производството во Русија предвреме

„PepsiCo“ го запре производството во Русија предвреме

Американскиот гигант „PepsiCo“ престана да произведува „Pepsi“, „7UP“ и „Mountain Dew“ во Русија шест месеци откако соопшти дека ќе ја запре продажбата и производството таму откако Москва испрати десетици илјади војници во Украина.

Веста ја објави „PepsiCo“ откако претставници на „Reuters“ посетија десетици супермаркети, трговци на мало и спортски центри во Москва и на други места и пронајдоа лименки и шишиња „Pepsi“ со датуми на производство од јули и август оваа година од фабрики во Русија.

Најновиот датум на производство за производ на „Pepsi“ е 17-ти август, додаде новинската агенција.

Американската компанија соопшти дека престанала да произведува концентрати за „PepsiCola“, „Mirinda“, „7Up“ и „Mountain Dew“ во Русија.

„Подоцна, сите концентрати беа исцрпени во Русија и производството запре“, рече портпаролот на „PepsiCo“ на 8-ми септември, прв јавен коментар за ова прашање откако компанијата објави на почетокот на март дека го стопира производството, продажбата, промотивните активности и рекламирањето во Русија.

Портпаролот тврди дека ова е „во согласност со изјавата што ја дадовме во март 2022-ра година“. Сепак, одби да коментира кога беше побарано ажурирање за продажбата и дали тие биле стопирани.

Континуираното производство значи дека пијалоците се сè уште широко достапни во Москва, како и во Владивосток на исток и Краснојарск во Сибир, покажа истражувањето на „Reuters“.

Сопственик на теретана во Москва тврди дека последен пат нарачувал од „PepsiCo“ во средината на август.

Западот не воведе санкции за храна и пијалоци како дел од неговите пошироки мерки за казнување на Русија за нејзините постапки во Украина.

Но, континуираното присуство на производите на компанијата ја нагласува сложеноста на повлекувањето на една од најголемите земји во светот. Русија беше трет по големина пазар на „PepsiCo“, зад САД и Мексико.

Претходно во текот на летото, продавниците во главниот град продолжија да ги продаваат залихите на странско пиво, неколку месеци откако пиварите објавија дека го прекинуваат производството.

Производството во конкурентот „Coca-Cola“, исто така, продолжи откако компанијата во март соопшти дека ќе ја прекине работата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП