16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроКредит Банка со нови функционалности за корисниците на електронско банкарство

ПроКредит Банка со нови функционалности за корисниците на електронско банкарство

ПроКредит Банка како прва целосно дигитална банка постојано развива нови иновативни дигитални банкарски услуги, со бројни предности и функционалности за клиентите.

Електронското банкарство на ПроКредит Банка овозможува комплетна флексибилност и плаќања со 100% сигурност и безбедност при процесирање на плаќањата преку заштитена конекција. Дополнителна предност е користење на КИБС/ Телеком дигитален сертификат, како и можноста за со едно корисничко име да се следат сите сметки за кои се клиентите овластени.

ПроКредит Банка ја лансира најновата верзија на системот за електронско банкарство која отсега доаѓа со нови функционалности:

  • Ажурирање на лични податоци и податоци за контакт за физички лица, без посета на филијала;
  • Регистрација и администрација на трајни налози: меѓу сопствени сметки во иста валута, во домашен платен промет и меѓу сопствени сметки во различна валута;
  • Регистрација на налози со иден датум на извршување до 30 дена;
  • Повторна употреба на регистрирани налози кон ист налогодавач, само со внесување на новиот износ;
  • Праќање пораки и документи кон Банката за информација за прилив од странство, дополнителни информации за дознака или документи за кредитно работење.

Дознајте повеќе за сите предности и функционалности на следниот линк: https://www.pcb.mk/elektronsko-bankarstvo-digitalna.nspx, на кој исто така можете и да аплицирате онлајн уште денес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП