19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИнфлуенсерите бесни, камерата на „iPhone 14 Pro“ се тресе и зуи во...

Инфлуенсерите бесни, камерата на „iPhone 14 Pro“ се тресе и зуи во апликации како „Snapchat“, „TikTok“ и „Instagram“ (ВИДЕО)

По лансирањето на „iPhone 14 Pro“ и „iPhone 14 Pro Max“, некои корисници на уредот забележале дека главната леќа на задната камера вибрира неконтролирано во апликациите со функција на камера, како што се „Snapchat“, „TikTok“ и „Instagram“, поради што многу од нив не можат да снимаат видео директно во овие апликации. Се чини дека проблемот не влијае на вградената апликација – „Камера“.

Проблемот беше пријавен од корисниците на „Twitter“, „Reddit“, „TikTok“ и на други места откако беа претставени моделите на „iPhone 14 Pro“, но не е јасно колку е распространет проблемот или што го предизвикува.

Главниот објектив на моделите на „iPhone 14 Pro“ има оптичка стабилизација на слика од „втора генерација“ со поместување на сензорот, а можно е стабилизаторот да го прави тоа поради софтверска грешка, но ова е само претпоставка.

Дури и Јутјуберот Лук Миани рече дека го доживеал проблемот на неговиот модел „iPhone 14 Pro Max“ што го тестирал. Миани сподели видео од проблемот на кое се гледа како главната леќа на уредот вибрира неконтролирано и рече дека инцидентот резултирал со тоа што објективот не можел правилно да се фокусира при последователна употреба, дури и во вградената апликација – „Камера“.

Миани рече дека го однел „iPhone“ во продавницата на „Apple“ и можел да го замени уредот за нов.

Ако проблемот се должи на софтверска грешка, „Apple“ би можел да спроведе поправка во „iOS 16.1“ во бета верзијата. Сепак, компанијата сѐ уште не се изјаснила за ова прашање.

Сè додека не се реши проблемот, сопствениците на „iPhone 14 Pro“ и „iPhone 14 Pro Max“ треба да избегнуваат отворање на камерата во апликации како што се „Snapchat“, „TikTok“ и „Instagram“ доколку се загрижени за потенцијално оштетување на системот на главната камера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП