19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоранешната девојка на најбогатиот човек на планетата ја „наплати“ старата љубов

Поранешната девојка на најбогатиот човек на планетата ја „наплати“ старата љубов

Жената која се забавувала со Илон Маск за време на факултетските денови заработила нешто повеќе од 165.000 долари, откако на аукција ја ставила својата лична колекција од фотографии и други предмети поврзани со најбогатиот човек.

Помеѓу предметите на аукција од RR Auctions имаше роденденска честитка што ја доби од Илон Маск (16.643 долари), фотографија од домот на Маск како лежи наопаку (21.889 долари) и златен ѓердан од Јужна Каролина го продаде на RR Auctions кој и го купил Маск во 1994 година за 51.008 долари. Ѓерданот има мала смарагдна амајлија за која се вели дека е ископана во рудникот на таткото на Маск во Африка.

Гвин продаде 18 фотографии направени за време на нејзината врска со Маск на Универзитетот во Пенсилванија, вклучувајќи и една од нив како јадат или се дружат со пријателите.

Џенифер Гвин се одлучила на овој чекор со цел да собере пари за школските хонорари на нејзиниот посинок, пишува Independent. Секоја од фотографиите беше продадена поединечно на аукција.

На една фотографија од 1995 година, продадена за 2.733 долари, Гвин и Маск седат на клупа пред студентски дом. Како што кажала во описот на фотографиите објавени од аукциската куќа, мајката на Маск, Меј ја направила фотографијата кога дошла да го посети својот син.

„Колку што се сеќавам, ние тројца планиравме да возиме до Њујорк за да го видиме мјузиклот Томи. Целото патување беше прекрасен подарок од Меј“, пишува на веб-страницата. „Но, додека се подготвувавме да тргнеме, нешто се расипа во автомобилот на Илон. Така, на крајот поминавме пет или повеќе часа во продавница за автоделови за да го натераме Илон сам да го поправи автомобилот. На крајот успеа и стигнавме до Њујорк и одлично се забавувавме“.

Друга фотографија, продадена за 1.155 долари, покажува преекспониран крупен план на 23-годишниот Маск во кафена кожна јакна зад воланот на BMW. „Отидовме да ги видиме петпарачките приказни на еден од нашите први состаноци надвор од кампусот“, гласи описот објавен од Џенифер на веб-страницата на аукциската куќа.

Гвин и Маск почнаа да се забавуваат во 1994 година, кога таа беше советник во студентскиот дом во кој живееше Маск.

Во интервјуто што го даде за Inside Edition минатиот месец, Гвин изјави дека нејзината врска со Маск е нејзината прва сериозна врска, а од тој период го опиша како „сладок“, „љубезен“, „паметен“ и „привлечен“, иако прилично воздржан во искажувањето чувства.

Исто така, таа тврди дека уште во студентските денови покажувал голем интерес за електричните автомобили. Напоменала и дека не се слушнала со Маск откако раскинале, пред 27 години. Тие се забавуваа од 1994 до 1995 година и раскинаа откако Маск дипломираше и се пресели во Калифорнија. Тој тврдеше дека телефонските разговори му се чинеа чисто губење време. Оттогаш, тие никогаш повеќе не биле во контакт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП