25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗошто брзиномерите имаат поголеми максимални брзини отколку што можат да постигнат автомобилите?

Зошто брзиномерите имаат поголеми максимални брзини отколку што можат да постигнат автомобилите?

Автомобил со мотор од 60 КС и брзиномер кој има “изгравирано” 220 km/h.

Знаеме дека, на пример, стандардниот Volkswagen Up! оди до 160 km/h, а брзиномерот му завршува на 220 km/h. Разликата од 60 km/h не е многу мала. Зошто е тоа така?

Си-Ен-Ен се обиде да одговори на тоа прашање. Изгледа дека производителите на автомобили сакаат да ги стават најкористените брзини на централно и лесно за читање место.

Тоа значи дека тие претпочитаат да поставуваат брзини помеѓу 100 и 130 km/h централно на врвот на бројчаникот, така што бројките се симетрично распоредени. Остатокот од бројчаникот е исполнет со вредности што е невозможно да се постигнат.

Тука има потреба и од престиж, бидејќи да се има брзиномер со 220 km/h на VW Up! сугерира дека овој „автомобил“ може да направи многу повеќе отколку што дозволува неговиот скромен мотор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП