26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕрдоган сака да се зачлени во Шангајската организација за соработка

Ердоган сака да се зачлени во Шангајската организација за соработка

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека сака членство на Турција во Шангајската организација за соработка (ШСО).

Оваа информација денеска ја објави турската телевизија НТВ и други медиуми. Тој разговараше со новинарите по учеството на самитот на ШСО во Узбекистан пред да замине за САД.

„ Со овој чекор нашите односи со овие земји ќе имаат сосема поинаква позиција“, изјави Ердоган пред новинарите во својот авион.

На прашањето дали Турција сака формално да се приклучи на групата, претседателот потврдно одговори.

„ Секако, тоа е целта“, рече тој.

Турција во моментов е преговарачка земја на ШСО, чии членки се Кина, Русија, Индија, Пакистан, Иран, Киргистан, Таџикистан, Казахстан и Узбекистан. Исто така, има четири земји набљудувачи – Авганистан, Монголија, Белорусија и Иран – кои сакаат да станат полноправни членки на блокот, а две други земји веќе се во процес на пристапување.

Турција, заедно со Ерменија, Азербејџан, Камбоџа, Непал и Шри Ланка, во моментов е препознаена како посебен „дијалог партнер“ на групата.

ШСО, исто така, го иницираше процесот за доделување таков статус на Египет, Катар и Саудиска Арабија уште во септември 2021 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП