18 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ206. ден војна во Украина: Киев: Повеќе од илјада тела оставија руските...

206. ден војна во Украина: Киев: Повеќе од илјада тела оставија руските трупи во Харков; Москва: Зеленски одбива да преговара

Властите во Киев тврдат дека наводно откриле нова масовна гробница на североистокот на земјата во областа Харков, која повторно е под нивна контрола.

Украинската полиција соопшти дека повеќе од 440 тела се пронајдени во масовна гробница во градот Изум. Претседателот Володимир Зеленски додава дека станува збор за цели семејства.

Комесарот за човекови права на украинскиот парламент наведува дека повеќе од илјада луѓе биле мачени и убиени во деловите на регионот Харков кои биле под руска контрола.

Од друга страна, Русија не ги коментира вестите од Изум. Владимир Путин одговара дека сака војната да заврши, но дека Киев сака борбите да продолжат. И покрај напорите на турскиот претседател, Зеленски одбива мировни преговори, нагласува Путин.

Тој ја критикува Америка за вооружување на украинската армија, но и лицемерното однесување на Европа во економската сфера.

„Најдобар пример за себичност е одлуката на Европската комисија за укинување на санкциите за вештачкото ѓубриво од Русија. Се разбира, ја поздравуваме одлуката за укинување на санкциите, но излегува дека тие се укинати само за влез на ѓубрива во земјите-членки на ЕУ, изјави Путин на самитот на Шангајската организација за соработка.

Тој го обвинува Западот дека сака да ја распарчи Русија, додавајќи дека испратил војници во Украина за да го спречи тоа.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вели дека Путин ќе мора да одговара пред суд за, според него, злосторствата во Украина. Слична порака испраќа и претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси. По средбата со претседателите на парламентите на земјите од Г7 и на Европскиот парламент вели дека војната за демократија е во тек.

Германскиот канцелар Олаф Шолц истакнува дека треба да се навикнеме на фактот дека Русија одлучила да биде противник на ЕУ и НАТО на долг рок.

„Германската армија мора да стане столбот на одбраната на Европа, најдобро опремената воена сила на континентот“, смета Шолц.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг оценува дека украинскиот контранапад бил многу ефикасен, но ги предупредува земјите-членки на Алијансата да се подготват за долгорочно војување, бидејќи, како што вели, ова не е почеток на крајот на војната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП