17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСекој треба да ги знае овие 11 правила на животот од Бил...

Секој треба да ги знае овие 11 правила на животот од Бил Гејтс

bill-gates

Иако од предавањето кое го одржал во една американската гимназија има поминато доста време, правилата на животот кои Бил Гејтс им ги даде на учениците сеуште важат. Еден од најпознатите американски бизнис магнати, сопственик на компанијата Microsoft, знае што го довело до оваа позиција каде што е денес. Затоа, на предавањето на средношколците им објаснил кои вистински вредности на животот да ги следат и како да се постават спрема секојдневните неправди.

Ви ја претставуваме листата на правила за животот од Бил Гејтс кои треба да ги знае секој млад човек.

 

„Животот не е фер, навикни се на тоа.“

„Светот не го интересира твојата самодоверба. Светот ве прифаќа доколку постигнете нешто пред да почнете да се чувствувате добро во својата кожа.“

„Нема да заработуваш 60 илјади долари годишно веднаш штом ќе завршиш средно училиште. Нема да бидеш потпреседател на компанија со счужбен автомобил и телефон се додека не го заслужиш тоа.“

„Ако мислиш дека твојот учител е строг, почекај да видиш кога ќе го добиеш шефот.“

„Нека не ти биде печењето плескавици под честа. Твоите предци имале друг збор за печењето плескавици: го нарекувале тоа можност.“

„Ако поггрешиш не се твоите родители виновни. Не „плачи“ за своите грешки, туку учи од нив.“

„Пред твоето раѓање родителите не беа досадни како сега. Станале такви поради плаќањето на твоите сметки, чистењето на твојата облека и слушајќи те тебе како зборуваш дека си „cool“. Затоа пред да ја спасиш шумата од паразити обиди се да го средиш плакарот во твојата соба.“

„Твоето училиште има начин за решавање и на победникот и на губитникот, животот нема. Во некои учичишта ги укинаа негативните оцени и ти даваат безброј шанси да го дадеш вистинскиот одговор, но тоа нема никаква сличност со вистинскиот живот.“

„Животот не е поделен во семестри. Нема слободно лето и многу малку вработени се заинтересирани да ти помогнат да се пронајдеш самиот себеси. Тоа стори го во своето слободно време.“

„Телевизијата не е вистинскиот живот. Во вистинскиот живот луѓето мораат да го напуштат кафулето и да заминат на работа.“

„Биди љубезен со „бубалиците“. Големи се шансите во иднина да работиш за некој од нив.“

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП