24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Maserati“ го покажа новиот „GranTurismo“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Maserati“ го покажа новиот „GranTurismo“ (ФОТО/ВИДЕО)

Непосредно пред официјалната премиера, „Maserati“ го покажа новиот „GranTurismo“ со мотор со внатрешно согорување, а автомобилот е без никаква камуфлажа.

Спортскиот модел ќе биде достапен во верзиите „Modena“ и „Trofeo“, кои ќе го добијат новиот „Nettuno“ V6 мотор кој се користи во суперавтомобилот „MC20“.

Засега, „Maserati“ не соопшти детали за овој мотор. Кај „MC20“ произведува 630 ks, но се очекува кај „GranTurismo“ моќноста да биде помала. Истиот мотор е инсталиран и на вториот кросовер на марката – „Grecale“, каде што развива 520 ks. Сепак, компанијата продолжува да тврди дека токму „GranTurismo“ е „вистинската икона на брендот“.

На врвот на гамата на новата генерација на моделот ќе биде целосно електричниот „Gran Turismo Folgore“, кој ќе користи три мотори со моќност од 1.200 ks. Ова ќе му помогне на купето да забрза до 100 km/h за 2,6 секунди, а максималната брзина ќе надмине 320 km/h.

Компанијата објави и видео кое нуди можност да се добие идеја за вештачкиот звук што го прави електричниот спортски автомобил. Очигледно целта беше да се имитира мотор со внатрешно согорување со голема зафатнина.

Дизајнот на неговиот „GranTurismo“ не се разликува многу од последната верзија на моделот, но има некои забележителни стилски разлики, како што се вертикалните фарови. Целокупниот стајлинг на автомобилот е еволуција на претходниот автомобил со подобрувања. „Maserati Gran Turismo“ треба да дебитира кон крајот на оваа година пред да биде пуштен во продажба во 2023-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП