2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОсигурување Македонија дел од ВИГ

Осигурување Македонија дел од ВИГ

osiguruvanje-vig

Осигурителната компанија Кјуби се ребрендира во Осигурување Македонија откако стана дел од австриската групација Виена Иншуренс Груп – ВИГ. Групацијата поседува 94 проценти од сопственоста на македонската компанија, а процесот заврши во април годинава.

– Стратегијата за раст и за напредување на ВИГ се темели на долгорочни инвестиции. Притоа се фокусираме на оджлив развој на премиите и профитот. Нашата цел е да бидеме една од најдобрите осигурителни компании на секој пазар, а неодамнешното преоширување на нашите активности во Македонија го покажува токму тоа, истакна на денешната прес-конференција заменик-генералниот директор на ВИГ Франц Козина, додавајќи дека сега нивниот пазарниот удел во Македонија е 24,6 проценти.

Посочи дека македонскиот пазар има потенцијал за развој, презентирајќи ги податоците дека во Македонија по глава на жител осигурувањето изнесува 55 евра, а земјите од регионот како Србија има 72 евра, а земјите од ЈИЕ меѓу 200 и 500 евра.

– Овие земји почнаа раст пред 10 години. Тоа го очекуваме и да се случи и во Македонија и тука да бележиме раст, истакна Козина.

Според генералниот менаџер на Осигурување Македонија Бошко Андов со добивањето довербата на групацијата ВИГ се зајакнува позицијат ана пазарот во Македонија. – Компнијата има солвеност над законски задолжителната и ликвидност од 2,50 што ја гарантира финансиската стабилност за нашите клиенти во секое време, истакна Андов.

Австриската групација е присутна во Македонија од 2007 година преку Винер. Во Македонија во вториот кваратал од годинава преку своите компании имаат 13,1 милиони евра полисирани премии.

Групацијата работи во 24 земји, со 190 години искуство во осигурителниот бизнис. Има 24.000 вработени, и полисирана премија во 2012 година од 587 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП