26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШестте „Big Tech“ во САД изгубија повеќе од 500 милијарди долари во...

Шестте „Big Tech“ во САД изгубија повеќе од 500 милијарди долари во вторникот

Шесте најголеми американски технолошки компании изгубија повеќе од 500 милијарди долари во вторникот, откако неочекувано високата инфлација во август предизвика пад на цените на технолошките акции. Индексот на потрошувачките цени се зголеми за 0,1% за месецот и се зголеми за 8,3% на годишно ниво, иако цените на горивата паднаа, пренесува „CNBC“.

„Invesco QQQ ETF“, берзански фонд кој ги следи 100-те највисоко оценети нефинансиски компании котирани на „Nasdaq“, падна за 5,5% во својот најлош трговски ден од март 2020-та година. Меѓу 10-те најдобри поседи на фондот се акциите на „Apple“, „Microsoft“, „Amazon“, „Alphabet“, „Meta“ и „Nvidia“.

„Nasdaq Composite“ падна за 5,16% за да го заврши денот на 11.633,5, што е негов најголем пад од јуни 2020-та година. „Dow Jones Industrial Average“ падна за 1.276,37 поени, или 3,94%, за да се затвори на 31.104,97, а S&P 500 падна за 4,32% на 3.932,69.

Еве кои компании се со најголеми загуби:

„Apple“ изгуби 154,11 милијарди долари во пазарната капитализација и цената падна за 5,87%, што е најсилен пад од септември 2020-та година.

„Microsoft“ загуби 109,33 милијарди долари, а акциите паднаа за 5,5%, што е најголем пад од септември 2020-та година.

„Alphabet“ (која е сопственик на „Google“) загуби 85,32 милијарди долари бидејќи акциите паднаа за 5,9%, што е највисок пад на цената од март 2020-та година.

„Amazon“ изгуби 98,11 милијарди долари со пад од 7,06 отсто, што е најостар од мај 2022-ра година.

И „Meta“ (поранешен „Facebook“) загуби 42,55 милијарди долари со големо опаѓање од 9,37%, што е најголем пад од февруари 2022-ра година.

Производителот на чипови „Nvidia“ загуби 34,21 милијарди долари со пад од 9,47%, што е највисок пад на цената од март 2020-та година.

Августовските податоци за инфлацијата се едни од последните што ФЕД ќе ги види пред состанокот од 20 до 21 септември, кога се очекува централната банка да го направи третото по ред зголемување на каматните стапки од 0,75 процентни поени за да ја скроти инфлацијата.

Извештајот може да го поттикне ФЕД да продолжи со своите агресивни зголемувања на каматните стапки подолг период отколку што очекуваа некои инвеститори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП