Лани зимските гуми беа поскапи од било кога, а сега состојбата е уште полоша. Ако сакате да купувате гуми, треба да очекувате поскапување за 20 проценти.
Истражувањето на два интернет портали Check24 и Alzura во Германија покажа дека цените на зимските гуми се и до 21 отсто повисоки од лани. Check24 за 100-те најпродавани зимски гуми преку порталот пресмета дека поскапувањето ќе биде речиси 21 процент. Поскапеа и пневматиците за сите сезони, но не во толкава мера (16 отсто), пренесува магазинот HAK.

