4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААмериканската морнарица има повеќе снимки од НЛО, но не сака да ги...

Американската морнарица има повеќе снимки од НЛО, но не сака да ги објави

Американската морнарица располага со снимки од неидентификувани летечки објекти, но нема да ги објави затоа што би ја „нарушиле националната безбедност“.

Признанието доаѓа како одговор на барањето на The Black Vault, веб-страница која се занимава со транспарентноста на податоците од јавно значење и која во минатото објави илјадници документи поврзани со феноменот на неидентификувани летечки објекти.

Барањето до американската морнарица беше поднесено во април 2020 година, според Законот за слобода на информации, еден ден откако морнарицата декласифицираше три видеа кои кренаа прашина, направени од пилоти на морнарицата за време на средби со авиони кои изведуваат физички невозможни маневри.

The Black Vault побара од морнарицата да ги предаде сите снимки од НЛО што ги има.

Сега властите конечно одговорија и потврдија дека има повеќе снимки од средби со НЛО, но дека не можат да ги откријат поради национална безбедност.

„Објавувањето на овие информации би ѝ наштетило на националната безбедност бидејќи на противниците би можело да им обезбеди важни информации за операциите, способностите и ранливостите на Министерството за одбрана“, рече Грегори Касон од американската морнарица.

Тој додаде дека морнарицата успеала да ги декласифицира претходните снимки само кога тие биле обелоденети во медиумите и дискутирани во јавноста.

„Морнарицата тогаш оцени дека може официјално да ја објави снимката без дополнително да и наштети на националната безбедност“, објасни Касон.

Она што е особено интересно е дека како одговор на барањето, морнарицата не се ни обидела да го прикрие постоењето на други снимки од НЛО.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП