2 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАШолц тврди дека нема причина за грижа: Германија добро е подготвена за...

Шолц тврди дека нема причина за грижа: Германија добро е подготвена за енергетска криза

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека земјата е добро подготвена за енергетската криза што се очекува оваа зима и дека граѓаните немаат причина за загриженост.

-Ќе поминеме преку тоа. Живееме во сериозни времиња – рече Шолц во видео порака емитувана денеска.

Тој додаде дека кризата не ја чувствуваат само граѓаните во Украина, туку и оние во Европа и многумина во светот, пренесува „Билд“.

Сепак, Германија е добро подготвена за фактот дека Русија во голема мера ќе го запре протокот на гас поради војната, рече Шолц, посочувајќи на складиштата за гас, напорите за увоз на течен гас и можноста за користење фосилна енергија, а во случај на потреба, нуклеарна енергија.

Покрај тоа, федералната влада планира пакет помош за граѓаните, рече Шолц, додавајќи дека никој нема да биде оставен сам да се грижи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар