28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНови гласини за серијата „Galaxy S23“

Нови гласини за серијата „Galaxy S23“

Пред неколку недели, типстерот „Ice Universe“ објави дека „Samsung Galaxy S23 Ultra“ ќе биде речиси идентичен со сегашниот модел, додека големината ќе биде за дел од милиметар различна.

Сега тој објави повеќе детали, вклучувајќи ја големината на екранот, резолуцијата и димензиите на целата серија на телефони „Galaxy S23“.

Накратко, дијагоналата на дисплејот и резолуцијата на сите три модели остануваат исти, додека должината и ширината ќе бидат поголеми за неколку десетици милиметри. Нема информации за тежината, но се очекува да биде иста како и овогодинешната серија „S“.

„Ice Universe“ не верува дека екраните на „Galaxy S23“ и „S23+“ ќе се вратат на „QHD+“ резолуција. Останува да видиме дали барем ќе се префрлат на „LTPO“ панели.

Кога станува збор за дизајнот, се очекува нова камера од 200 MP, нов и поголем читач за отпечатоци, ист капацитет на батеријата од 5.000 mah и многу повеќе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП