24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој колку должи – УЈП ја објави најновата Листа на должници

Кој колку должи – УЈП ја објави најновата Листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.09/2022 за долгови доспеани до 31.05.2022 и неплатени до 31.08.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.09/2022 објавени се 1.673 должници – правни лица (помалку за 6 од претходната листа) и 2775 физички лица (помалку за 423 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.09/2022 изнесува 8.316.217.285 денари, повеќе за 26.163.984 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.128.751.854 денари, повеќе за 36.218.204 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 213.629.415 денари (помалку за 10,054,220 денари од претходната листа).

Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП