12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

latestnews

Најнови вести од светот 12.09.2013 година

Белград – Помалите даноци што ќе ги плаќаат стопанството и сиромашниот слој граѓани, државата ќе ги надомести со поголеми даноци на платите кои се двојно поголеми од просечните, пишува Блиц. Имено, според весникот, во Владата се подготвува измена на даночните закони чија цел ќе биде помалите даноци кои ќе ги плаќаат стопанството и сиромашниот слој граѓани, државата да го надомести со поголеми даноци на платите кои се дупло поголеми од просечните, како и на имотот на богатите граѓани.

Белград – Поранешниот министер Млаѓан Динкиќ истакна дека само луд човек би ги укинал државните субвенции за нови работни места. Тој додава дека е нереално и невозможно да се намалат даноците на платите за една третина. За РТС Динкиќ рече дека нема шанси Владата да спроведе непопуларни, но неопходни мерки, бидејќи за тоа не може да постигне консензус, бидејќи еден дел од Владата сака да ја модернизира земјата, а друг дел само да остане на власт, што ќе доведе до избори кога ќе стане видливо дека тоа не може да функционира.

Белград – Повеќе производствени кинески фирми сериозно се заинтересирани за деловна соработка со фабријите Застава камиони, Застава специјални возила и Застава Инпро. Генералниот директор на групата Застава возила, Драган Срејовиќ рече дека при неодамнешната посета на српската стопанска делегација на Кина, се потпиша протокол за соработка со кој се предвидува возилата од таа земја наскоро да почнат да се монтираат и да се произведуваат во Србија.

Белград – Почна одлив на капиталот од финансискиот сектор на Србија, а кога се работи за долгорочни кредити, од почетокот на годината одлиени се околу половина милијарда евра. Позитивна разлика меѓу приливот и одливот има само Владата. Останатите корисници, НБС, банките и стопанството имаа значително поголем одлив од прилив, што укажува дека капиталот бега од земјата, предупредија експерти од Економскиот институт, на презентацијата на списанието Макроекономска анализа и трендови МАТ.

Загреб – Во Хрватска се почесто вредноста на возилата се проценува и за 20 отсто повеќе во однос на цената наведена на сметката, пишуваат регионалните медиуми. Иако на увезените половни автомобили од земјите на ЕУ во Хрватска не се плаќа царина туку само акциза, често се случува вредноста на возилата да биде проценета и за 20 отсто повеќе во однос на цената наведена на сметката. На купувачите на автомобили во Хрватска многу често не се признава вредноста изразена на сметка на овластените автомобилски куќи во Германија, Италија или Австрија, пренесе интернет порталот Сее.биз.

Загреб – Во хрватскиот буџет во првите осум месеци оваа година се слеаја 3,5 отсто пари помалку од планот. Ако продолжи слична динамика и во последниот квартал,  Хрватска ќе има 3,5 милијарди куни помалку данок од планираниот, пишува Вечерњи лист. Истовремено, трошоците се поголеми од планираните па се појавува поголема дупка која итно треба да се затвори. Владата во оваа година влезе со план дефицитот на државата да биде 3,4 отсто од БДП, т.е. 11,5 милијарди куни, додека Хрватската народна банка проценува дека ќе биде 4,8 отсто, или 16 милијарди куни.

Пекинг – Бројот на милијардерите во Кина оваа година за прв пат ја надмина симболичната бројка од 300. Втората светска економија брои точно 315 милијардери, што е за 64 повеќе од 2012 година, ги пренесе АФП податоците од истражувачкиот Институт Хурун. Ванг Џианлин, сопственик на конгломератот Ванда, кој го купи американскиот синџир на кино сали АМЦ, стана најбогат Кинез, а неговото богатство се проценува на 22 милијарди долари, според проценките на Институтот како и магазинот Форбс. Просечното богатство на 1.000 најбогати Кинези се движи околу 1,04 милијарди долари.

Њујорк – Американскиот синџир за брза храна Мекдоналдс во август оствари за 1,9 отсто поголема продажба во целиот свет од истиот месец лани, соопшти компанијата. Аналитичарите предвидоа зголемување на тој показател за само 0,3 отсто, пренесоа агенциите. Продажбата во Европа е зголемена за 3,3 отсто, по очекуваниот пад од 0,1 отсто. За овие подобри резултати придонесе големата побарувачка во Франција.

Никозија – Акционерите на најголемата банка во Кипар избраа шест Руси во нивниот нов 16 член управен одбор. Така сега има повеќе странци од било кога во Управниот одбор на Банката на Кипар. Значајниот број на Руси во управата на таа банка која опстана благодарение на странска помош, е последица на аранжманот на вредноста со над милијарда евра за што Кипар во март ја договори со партнерите во еврозоната и со ММФ.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП