7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„UniCredit“ и „Intesa“ најавуваат заеми и пофлексибилни услови за плаќање за време...

„UniCredit“ и „Intesa“ најавуваат заеми и пофлексибилни услови за плаќање за време на кризата

Водечките италијански банки „UniCredit“ и „Intesa Sanpaolo“ најавија заеми и пофлексибилни услови за плаќање на долгот за граѓаните и компаниите во Италија во период на рекордни трошоци за енергија.

„UniCredit“ е свесен дека многу од нивните клиенти, особено големите потрошувачи на енергија во индустријата, како што се производителите на челик и керамика, тешко се справуваат со високите цени, но отплатата на заемот го следи „бениген“ тренд од вториот квартал, изјави извршниот директор Андреа Орсел.

Банката одлучи да им понуди на компаниите пет милијарди евра нови заеми кои доспеваат за три години за да им помогне да ги платат сметките за енергија. Уште три милијарди евра ќе бидат ставени на располагање преку суспендирање на наплатата на кредитни картички и хипотекарни долгови и други мерки, најавија тие.

Компаниите кои не користеле државни гаранции за долговите кон банките може да побараат 12-месечен мораториум на отплата до крајот на годината, соопшти „UniCredit“.

Банката на 400.000 домаќинства ќе им понуди 12-месечен мораториум за отплата на хипотекарните кредити и промена на планот за отплата.

Околу 1,4 милиони граѓани со кредитни картички ќе добијат можност за одложување на отплатата на долгот за најмногу шест месеци и ќе бидат ослободени од обврската за плаќање камата и такси од 1-ви октомври до крајот на годината.

„Нашиот потег е превентивен. Се запрашавме што може банката да направи за да помогне во структурниот пад на расположливиот приход на домаќинствата и корпоративните парични текови што ќе ги видиме во следните два до три месеци“, рече заменик-директорот на банката, Ремо Таричани.

„Банката работи на слични мерки за клиентите на другите пазари каде што работи“, додаде Орцел.

„UniCredit“ е присутен и во Германија, Австрија и Источна Европа.

„Intesa Sanpaolo“ објави дека ќе им понуди на малите бизниси уште две милијарди евра за покривање на трошоците за енергија и суспендирање на плаќањата на заемите до две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП